РК Алкалоид со три бода од гостувањето кај РК Пролет 62
РК ПРОЛЕТ 62 - РК АЛКАЛОИД 22-28 (11-14)
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Камер Металари
РК ПРОЛЕТ 62: Петковски, Василевски 6, Пецаковски 4, Додевски, Димов 2, Андоновски 4, Мајнов, Димковски 2, Крстески 2, Стојановски 1, Фичорски, Јанчев, Михаљевиќ, Палевски, Спасовски 1
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Петров 2, Маркоски 1, Стојков 5, Младеновиќ, Серафимов 3, Стојковиќ, М. Митев 3, Ѓоргиев 5, Симоноски, Омерагиќ 1, Кофилоски 1, Петковски 1, Д. Митев 2, Савревски 4
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 2 мин.
Алкалоид го совлада тимот на Т. Пролет (28-22) и на четири кола до крајот обезбеди излез во Европа. На дебитантот во суперлигашката конкуренција му е доволно и во петок да не загуби со разлика поголема од пет гола и покрај пласманот во Европа ќе има обезбедено и трето место, односно место во Европската лига.
Вечерва во „Македонско сонце“, гостинскиот состав играше со шаренолика постава во првиот дел, а клучни играчи беа голманот Иван Галевски и крилото Александар Стојков.
Во домашната екипа, пак, сите напади почнуваа од исто така млад ракометар, Томислав Димкоски, а реализацијата беше за поискусните Пецаковски, задолжен за седмерци и Василевски.
Резултатски, гостите поведоа со 7-3, 9-5, но Т. Пролет се врати резултатски, намали на 10-12, имаше и напад при овој резултат, но на одмор се замина со три гола предност за гостите (14-11).
Вториот дел беше многу поинтересен. Домашниот тим успеа во еден период да наметне игра што нему му одговараше, а Алкалоид направи неколку грешки и мечот стигна и до израмнување (20-20). Но, многу рано дојде Пролет до ваков резултат, имаше доволно време за гостите да се фатат посериозно за работа и до крајот на мечот постигнаа осум, а примија само два гола.
Поврзани вести