Т. Пролет му се заблагодари и на Џонов

Тинекс Пролет денеска, на првиот натпревар на кој му е домаќин на Алкалоид, му даде благодарница на својот поранешен ракометар Иван Џонов.
Џонов во зимскиот преоден рок направи трансфер од Т. Пролет во Алкалоид. Тој беше еден од триото играчи што заминаа, покрај Михаил Аларов и Томи Јагуриновски кои се преселија во Вардар, а кои исто така добија благодарница од својот поранешен клуб на првото гостување во „Македонско сонце“. 

Иван Џонов поради повереда нема да настапи на денешниот меч меѓу Пролет и Алкалоид. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk