ЦРН БИЛАНС: Почина руска ракометарка, избоден босански ракометар...

Руската ракометарка Викторија Дивак се здобила со смртни повреди по пад од осмиот кат од зградата во која живеела. Викторија Дивак имаше 29 години и беше играч на екипата на Астраханочка, засега нема детали за тоа дали се работи за несреќен случај или можеби самоубиство.
Дивак во својата кариера има настапувано за нејзиниот матичен клуб Динамо Волгоград, потоа Кубан Краснодар, па за белорускиот Гомељ, а има играно и во Германија и Франција. 


Со чиста среќа е избегната голема трагедија и во БиХ. Младиот ракометар на Дрина Звоник, Никола Томиќ бил нападнат со ладно оружје во пределот на вратот, се здобил со расекотини и чиста среќа е штп успеал да го преживее нападот. 
Томиќ бил нападнат околу три часот по полноќ на бензиска пумпа на влезот од Зворник од женско лице кое е по полициска акција е лишено од слобода со обвинение обид за убиство. Медиумите пишуваат дека Томиќ ја познавал жената, но мотивите за нападот не се јавно објавени. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk