Алкалоид денеска по заверка на Европа

Вечерва во салата „Македонско сонце“ во Скопје во 19:00 часот во последниот натпревар од 10 коло во суперлигашкиот плејоф, ќе се сретнат екипите на Тинекс Пролет и Алкалоид. 
По овој натпревар ќе останат уште само четири кола до крајот на првенството. 

Ако Алкалоид вечерва победи, во својата прва суперлигашка сезона, математички ќе обезбеди излез во европските купови, затоа што ќе биде недостижен за петтопласираната екипа во првенството. 
Не само тоа, ако вечерва победи, Алкалоид практично ќе го обезбеди и третото место во првенството кое носи излез во Европската лига.
За математички да го завери третото место, сепак, ќе мора да почека уште едно коло во кое директниот ривал, Охрид, му гостува во „Автокоманда“. За потврда на третото место, Алкалоид на таа средба може да си дозволи и луксуз, пораз до шест гола разлика, да ги загуби и другите три средби, а Охрид да победи на сите натпревари до крајот (има меч и со Е. Пелистер) и пак првенството да го заврши на третото место. 

Според ова, Алкалоид е првиот тим за кој со сигурност знаеме на која позиција ќе заврши. Алкалоид ќе игра во Европската лига. 

Вардар и Е. Пелистер во моментов имаат девет бода предност пред Алкалоид, тие се големите фаворити за првите две места, но околу Европските купови, ситуацијата е комплицирана. 
Првопласираниот тим има директно место во Лигата на шампионите, но ако првак биде Вардар, можно е Македонија втор пат по ред да нема учесник во ЛШ поради долговите на црвено-црните. Нема никаква информација дека таа ситуација е расчистена, а ЕХФ може да одлучи, правото за учество во ЛШ, да не го даде на второпласираниот тим. 

 
1.
10901295:21430
 
P
P
P
I
P
2.
10901278:23730
 
P
P
P
P
P
3.
9612250:22921
 
I
P
P
P
P
4.
10406244:26512
 
P
I
P
P
I
5.
10325258:26411
 
I
N
I
I
I
6.
10307220:25710
 
I
P
I
I
P
7.
10208234:2757
 
I
I
I
P
I
8.
9117203:2416
 
N
I
I
I
P

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk