Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, согласно барањата на Европската ракометна федерација состави поширок список на кој се наоѓаат 35 ракометари и од кои ќе му биде дозволено да селектира тим за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2024.

На списокот се наоѓаат и ракометарите Пешевски, Танкоски, Георгиевски, Талески... кои не играа на последните два натпревари со Португалија. Дејан Манасков не е и овој пат во составот.
На македонската репрезентација и остануваат уште два дуела по што извесно ќе се пласира на ЕП и тоа како второпласирана во групата.
Последните два меча Македонија ќе ги игра со репрезентациите на Луксембург на гости на 26 април и со репрезентацијата на Турција во Скопје 30 април.
26 АПРИЛ
ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА
ТУРЦИЈА - ПОРТУГАЛИЈА
30 АПРИЛ
МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА
ПОРТУГАЛИЈА - ЛУКСЕМБУРГ
Првите две репрезентации обезбедуваат пласман на ЕП. Третопласираната екипа ќе се пребројува со другите седум третопласирани во квалификациите. Четири од вкупно осум третопласирани ќе одат на ЕП. Нив во пресметката им се бројат само натпреварите со првите два тима.