-
17.04.2023
-
Вести, Планета ракомет
Војводина беше минимално поразена (24-25) на првиот полуфинален меч од ЕХФ Европскиот Куп (трето по сила натпреварување во Европа) како гостин од шведскиот Алингсас. На другото полуфинале, играа две норвешки екипи, а Нербо како гостин го совлада Рунар со 29-27.
Реванш натпреварите се играат следниот викенд.
Романските медиуми пишуваат дека се ближи денот кога нивната најдобра ракометарка, Кристина Неагу, ќе објави крај на кариерата. Веруваат дека тоа може да се случи уште летово. По ЕП во Македонија, Кристина Неагу објави дека ова е последното ЕП за неа. Таа играше во квалификацискиот бараж за СП со Португалија, но сега се отвора прашањето дали ќе игра и на СП.
Рајн Некар Ловен е освојувач на германскиот куп. „Лавовите“ го совладаа тимот на Магдебург (36-34), на седмерци, во финалето на Ф4 турнирот што се играше во Келн, пред 20.000 гледачи!
Магдебург веројатно ќе мора да ја продолжи трката по шампионската титула без пикерот Оскар Бергендал. Шведскиот ас се повреди на полуфиналето од Купот, против Лемго, страгаше скочниот зглоб и иако се чинеше дека можеби ќе игра во финалето, откако се олади, стигнаа лошите вести. Следните две недели, сигурно нема да биде на терен.
За Европското првенство во машка конкуренција што ќе се игра во Германија во јануари 2024 веќе се продадени повеќе од 100.000 билети и организаторот на финансиски план може да го прогласи за успех на осум месеци пред почетокот. Вистинскиот јуриш по билети, пак, се очекува по 10 мај, откако ќе биде извршена ждрепката.
Поврзани вести