Има 40 години, а го бараа Веспрем и Алборг!

Иако има полни 40 години, шведскиот ас Ким Андерсон и натаму професионално игра, за екипата на Истад, а како изгледа на терен, најдобро говори податокот дека две екипи од респектабилни учесници на Лигата на шампионите годинава неусшено се обидоа да го доведат во своите редови. 

Првиот тим е Веспрем. Унгарците рано сезонава го загубија египстскиот ас Омар Јахија, а тансферот на Недим Ремили не им беше комплетиран, а бараа и алтернативни решенија. Едно од нив беше Ким Андерсон. Но, неговиот клуб не ја прифати оваа понуда.
Втората понуда, дури и попримамлива, да игра заедно со Микел Хансен во Алборг. Данскиот тим бараше замена за Лукас Сандел за следната сезона и му понуди и на Ким Андерсон место во тимот. Ова е информација на шведскиот Афтонбладет. 
Ким Андерсон ја одби оваа понуда и потпиша продолжување на договорот со сегашниот клуб - Истад. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk