Коки Петров: Ме фати за рака и правец на тренинг

Алкалоид сними видео серијал за своите ракометари преку кој од малку поинаков агол ги претставува и доближува со ракометната јавност. 
Костадин Петров, искусниот пивот зборуваше за своите почетоци, желби, хоби... Вели дека покрај ракометот страст му е да готви и дефинитивно би били готвач доколку не станеше ракометар. Петров подели и некој совет за своите помлади колеги, а за стартот на неговата кариера го „обвини“ тренерот Бисинов.

„Имав седум години, бев поголем од другите деца и подебел“, вели велешанецот Петров. „Тренерот Бисинов, буквално од улица, ма фати за рака и ми рече, татко ти да те донесе на тренинг“. 

Видеото од „На седум метри со Костадин Петров“, можете да го погледнете на следниот линк ВИДЕО

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk