Е. Пелистер го растури Татран за втор СЕХА фајналфор

ТАТРАН ПРЕШОВ - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26-36 (10:20)
Татран Прешов: Оливер Рабек 12 

Е. Пелистер: Костески 11, Стевановиќ 7, Пешевски 5, Петар Атанасијевиќ 4, Павле Атанасијевиќ 3, Радовиќ 3, Танкоски 2, Кузманоски 1, 


Еурофарм Пелистер го совлада Татран Прешов и на реванш натпреврот и се пласираше на фајналфор турнирот во СЕХА, за втор пат. 

Нема да има еуфорија по овој резултат на битолчани. Сезонава, СЕХА трпи големи удари по своето реноме од сопствените учесници кои настрана што и групниот систем беше колку да се одигра, кога на ред дојдат елиминациите, пола од екипите решија да играат со младинци или втор состав.

Денеска и Татран и Е. Пелистер беа такви екипи. Можеме слободно да кажеме дека повеќе набој имаше кога играа на струшкиот турнир. Битолчани без девет играчи заминаа за Прешов и победија со 10 гола разлика. Веројатно најтешко во овој двомеч за нив беше да се спакуваат и да отпатуваат за Словачка. Не по нивна вина, македонскиот претставник првиот меч го одигра комплетен, а и денеска прикажа борбеност. 

Татран, иако домаќин пак не беше комплетен. Тие и немаат толку збиен распоред, па би заклучиле дека едноставно сакаа да ја завршат оваа сезона во СЕХА беа понатмошни натпревари.
Со 13 ракометари го почнаа мечот, но присуството на Оливер Рабек требаше да значи дека ќе бидат поамбициозни. Не беа. Токму Оливер Рабек загуби на стартот неколку топки, а Е. Пелистер поведе со 8-2. Четири од овие осум гола беа од контра напад. 
Немаше ниту некој особен отпор во одбраната, средбата наликуваше на ревијален меч, а Пелистер со ваков десеткуван состав, прикажа мотивираност и борбеност му даде 20 гола за едно полувреме на словачкиот тим. 

Во вториот дел, продолжи доминацијата на македонскиот претставник постојано го контролираше резултатот за конечно да победи со 10 гола разлика и да се пласира на фајналфор. 

Ненад Костески се изнаигра, постигна 11 гола од 15 обиди, а зад него Стевановиќ постигна седум, Пешевски пет, Петар Атанасијевиќ четири.
Кај домашниот тим Оливер Рабек постигна 12 гола, но овој играч дури 25 пати шутираше кон голот на битолчани, што мора да е некаков сеха рекорд сезонава. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk