Парични казни и празни трибини - казна за дербито

Казните за Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер за инцидентот што се случи на дерби средбата што се одигра во „Јане Сандански“ се парични и празни трибини. 
Тоа според Дисциплинскиот правилник и се очекуваше, иако „теориите на заговор“ во јавноста, подгреани од фановите на двата клуба низ социјалните мрежи исплетоа безброј приказни. 

Вардар 1961 и Е. Пелистер ќе треба да платат по 150.000 денари парична казна, а Вардар на следните два натпревари ќе игра без присуство на публика. 
За дерби мечот со Алкалоид во последното коло, средба која можеби же решава околу шампионската титула во трката меѓу Вардар и Е. Пелистер, а можеби нема, црвено-црните ќе смеат да имаат навивачи на трибините. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk