Топ вести: Веспрем е кошмарот на Сегед, хаос на врвот во Бундеслигата...

Екипата на Ваљадолид пропушти шанса да избега од опаснатата зона, откако на домашен терен беше поразена (30-31) од екипата на Гвадалахара, која е претпоследна на табелата. 
Дарко Димитриевски постигна пет гола од кои два од седмерец, а Димитар Димитриоски беше стрелец на еден гол. 

Кил и Магдебург одиграа нерешено (34-34) на мега дербито во Германија и сега на врвото на Бундеслигата дури три екипи (Кил, Берлин и Магдебург) имаат по 41 бод. Зад нив е Флензбург со 39 бода. Ваква мешаница во финиш на сезона, не се памети во Германија. 

Минден го солвада Лемго и се врати во трката за опстанок во која главен ривал е Вецлар предводен од Филип Миркуловски на клупа, а на терен го има и Филип Кузмановски. Вецлар има два бода повед и два меча повеќе од Минден во моментов. 

Веспрем трет пат по ред го совлада ПИК Сегед. По двете победи со кои го елиминираше од Лигата на шампионите, Веспрем сега го совлада најлутиот ривал и во финалето на Купот на Унгарија (35-32). 

Нант го совлада Монпеље (29-28) и на шест кола до крајот на францускиот шампионат, Монпеље е прв со 40 бода, ПСЖ е втор исто така со 40 бода, а трет е Нант со 39 бода. 


 

Поврзани вести