Е. Пелистер денеска игра за Фајналфор на СЕХА

Еурофарм Пелистер за пласман на својот прв СЕХА фајналфор денеска ќе брано осум гола предност на натпреварот со Татран Прешов што ќе се игра во Словачка. 
Осум гола предност (37-29) во секоја друга ситуација би биле недостижна предност, имајќки ги сезонските одмерувања на силите на овие два тима, од струшкиот турнир наваму, но денешната ситуација е поинаква. 

Битолчани во четврток гостуваат на Алкалоид во „Автокоманда“, а ова гостување стана жешко, откако момците на Кирил Лазаров ја кренаа формата и откако загубија во Битола во февруари, досега запишаа осум победи (вклучително двете од Куп на Македонија), а меѓу поразените во „Автокоманда“ се запиша и неприкосновениот фаворит - Вардар. 

Најмногу од тие причини, битолчани во Прешов нема да играат со најсилниот тим, туку со комбиниран состав, слично како што и Татран играше во Битола. 
Всушност и не толку слично затоа што Татран во Битола дојде без Рабек и Урбан, а Пелистер во Прешов оди без девет играчи. 
Во битолскиот тим нема да бидат Урбан Лесјак, Жарко Пешевски, Денис Васиљев, Усама Хосни, Мохамед Суси, Себастијан Хенеберг, Каспер Кисум, Мирко Радовиќ и Гоце Ојлески. 

Само двајца странци, Дарко Стевановиќ и Вилсон Дејвис ќе бидат во тимот, а шанса да играат ваков условно кажано важен натпревар ќе добијат воглвно македонски играчи како браќата Атанасијевиќ, Танкоски, Велковски, Кизиќ, Кукоски, Кузманоски, Костески итн. 

Почетокот на натпреварот е закажан за 16:00 часот, а директен ТВ пренос ќе има на МТВ - 3.
Патем оваа средба директно ќе се пренесува и на РТВС Спорт Словачка и на Спорт ТВ2 Словенија, што значително ја зголемува публиката што ќе го гледа македонскиот тим на терен. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk