Алкалоид го преслуша и Тиквеш

РК АЛКАЛОИД - ГРК ТИКВЕШ 29-26 (17-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Трајковски, Галевски, Петров 2, Маркоски 1, Стојков 6, Младеновиќ 2, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 2, Симоноски 1, Омерагиќ, Кофилоски 3, Петковски, Д. Митев 2, Савревски 2
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин. 
ГРК ТИКВЕШ: Брауновиќ, Стојановски, Анастасовски 3, Постолов, Темелкоски, Велков, Соколов, Стефановиќ 5, Димовски 2, Кондев 2, Окардов, Шулески, Коцев 1, Симиќ 5, Хамзиќ 7, Петровиќ 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид запиша победа на уште еден дерби натпревар. Вечерва во Автокоманда, новиот суперлигаш беше подобар од екипата на ГРК Тиквеш со резултат 29-26. Со оваа победа, РК Алкалоид се зацврсти на третото место на табелата, а во следното коло ќе почне расплетот, кога во Автокоманда ќе стигне екипата на Е. Пелистер.

Вечерва, на дуелот со Тиквеш, голманите Брауновиќ и Трајковски одлично го отворија натпреварот со по две одбрани, по но гостите подобро се снајдоа на почетокот и поведоа 2-0. 
Веднаш се врати Алкалоид, израмни 2-2, а потоа поведе 5-4, па прв пат со два гола разлика 6-4. Добро функционираше одбраната на домашниот состав, Трајковски одбрани тешки удари, а  неговиот состав стигна со 10-7. 
Потоа се трпелива игра, домашните ги чекаа гостите на грешка или промашување, а Симиќ и Хамзиќ кои главно шутираа, откако добро отворија, почнаа и да промашуваат и Алкалоид поведе со 17-11 што беше максимално водство во првиот дел.
Пад на концентрацијата во самиот финиш кај домашните, два гола по ред на одмор се замина со резултат 17-13. 
Алкалоид прв погоди во второто полувреме, но и двапати им предаде топка на гостите кои од две контри, реализираа една. Многу нерелизирани шутеви имаа кавадарчани вечерва, а кога на тоа ќе се додадат и изнудени и неизнудени грешки, нивните шанси за добар резултат не беа добри.

Тоа се покажа во продолжението на средбата во кое Алкалоид комплетно го контролираше мечот и имаше безбедно водство од четири до шест гола разлика. 
Во финишот, гостите успеаја да преполоват и да намалат на три гола што беше и конечен резултат. 

Со оваа победа Алкалоид практично обезбеди излез во Европа, а предноста од 11 бода што во моментов ја има пред Тиквеш вели дека и третото место е блиску до верификација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk