Македонија со минус два ќе патува на реванш

МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА 22-24 (8-14)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Борис Чипов и Зоран Клус од Словачка. Делегат: Кенан Сивиркаја од Турција.
Македонија: Мицевска, Петковска, Диневска, Јанеска, Џатевска, Дукоска, Ѓоргиевска, Јанкуловска, Кипријановска, Ристовска, Саздовска, Дабевска, Гичевска, Коцева, Николиќ
Седмерци: Исклучувања: 
Украина: 

Македонија е чекор подалеку од пласман на СП, откако вечерва во Скопје загуби од репрезентацијата на Украина, на натпревар на која се враќавме од минус осум, стигнавме до израмнување и напад за водство, за на крајот да бидеме поразени со два гола разлика.

Лошо почна натпреварот за Македнија. Веќе во првиот напад за Украина беше досеудено исклучување во нашиот тим и пенал за противникот. Мицевска го одбрани тој седмерец, но во периодот до осмата минута уште двапати Македонија беше со исклучен играч. 
Не беше лошо само судењето и нашата напаѓачка формација беше несигурна, а играњето со исклучени играчи, без голман, со несигурен напад, донесе голови на празна мрежа, контра напади и Украина поведе со 10-3 по само 15 минути игра. 
По ова серија од пет одбрани по ред имаше голманот Марија Гладун и спречи шанса Македонија малку да го поправи впечатокот. 
Реализирани осум гола од 25 обиди во првиот дел од кои добар дел беа и изгледни ситуации говори најдобро за играта, особено напаѓачката на македонската репрезентација. 

На полувреме беше 8-14 и очекувањата беа намалени на минимум пред стартот на вториот дел. 

Првите два гола во вториот дел ги постигна Македонија, намали на 10-14, по што следеше седмерец и исклучување за нашиот тим. Пројводме неказнето затоа што Украина влезе во серија на промашувања. 
По пет минути беше 11-14 и за момент се јави зрак надеж. 

Селекторот на Украина, Виталиј Андронов побара тајм аут по 10 минути игра во вториот дел, затоа што Македоија се доближи на 13-15 и резултатски беше во игра. 
Имавме и напад и зциер за минус еден, но ударот на Јанеска од подот отиде преку гол, а а возврат Украина зголеми на 16-13.
Но, две минути подоцна, Бојана Коцева погоди за 15-16, а Сара Ристовска донесе израмнување 16-16 во 42 минута.

Украина одново беше без решение во напад, но одново доби исклучување Македонија, по со играч повеќе  успеаја да најдат простор и да постигнат гол за ново водство, а потоа прво да се вратат на плус два, па потоа и на плус три откако пресекоа еден многу лош напад на нашиот тим (16-19).

Со головите на Јанеска и Ристовска, Македонија одново се доближи на минус еден (19-20), а на шест минути до крајот беше 20-22. Сара Ристовска изведе седмерец и ја погоди голманката Салтањук во лицето. Веднаш заработи директен црвен картон. 
Бојана Коцева намали на 21-22, но крилото на Украина изнуди пенал и исклучување, Глибко сигурно реализираше. Потоа имаше и пенал за Македонија што не го погодивме за минус два, а Украинките постигнаа уште еден гол. До крајот успеавме да намалиме за конечен резултат 22-24.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk