Нексе носи уште еден топ играч!

ППД Загреб следната сезона веројатно ќе го има најтешкиот испит од времето кога Метковиќ на терен му ја одзема титулата, а Зоран Гобац административно му ја врати. 

Нексе потпиша со три познати имиња досега. Израелецот Кохен кој имаше одлични мечеви со Македонија и Хрватска на јануарскиот Кроација Куп е најнепознатиот. 
Марко Безјак од Магдебург и Мануел Штрлек од Веспрем се двајца ракометари што можат да донесат многу поинакви ветрови во Нашице. 
Но, нема за запрат овде, следниот што се очекува да потпише е исто така ракометар на Веспрем - Гашпер Маргуч. Засега не е потврдено дека Словенецот доаѓа, но претходните најави се остварија, па зошто не и оваа. 

Со Штрлек и Маргуч на крила, Нексе ќе може соодветно да одговори на загрепските Дибиров и Чупиќ кои без оглед на сѐ, следната сезона ќе бидат една година постари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk