Крим повторно (из)гради силен тим

Словенечкиот Крим Меркатор е една од екипите од „овие“ простори што успеа да ги преживее кризните години и одново има респектабилен состав, а следната сезона ќе биде и играчки уште посилен и следствено со повисоки амбиции. 

Досега пет ракометарки потпишаа за словенечката екипа која годинава натпреварувањето во ЛШ го заврши во елиминацискиот плејоф, каде загуби во драматичен двобој од скапиот романски проект Рапид Букурешт. 

Нови имиња се поранешната вардарова ракометарка Итана Грбиќ и словенечките репрезентативки Нина Зулиќ и Маја Војновиќ. Потврдено доаѓа и црногорската ракометарка која досега, односно во моментов игра за францускиот Брест, Татјана Брновиќ.
Најголемото засилување, засега е Тамара Мавсар (фото), најдобрата словенечка ракометарка која настапува за унгарскиот Шиофок сезонава.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk