ПСЖ му најде нов асистент на Раул

Хота Гонзалез, шпанскиот тренер кој пет години му асистираше на Раул Гонзалез во ПСЖ, а претходно беше со него дури и на мечеви на ЕП 2018 кога Раул беше селектор на Македонија, заминува од Париз.

Неговата следна дестинација би требало да биде Лисабон, каде што како прв тренер би ја водел екипата на Бенфика. Информацијата сѐ уште не е официјално потврдена, но одамна стои во категоријата „завршена“ работа. 

ПСЖ во меѓувреме му најде нов асистент на Раул Гонзалез, а тој за некое чудо не е од Шпанија. Некогашниот репрезентативен голман и познато франанцуско ракометно име - Патрис Аноне ќе биде на клупата покрај Раул во следните две години. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk