Миркуловски го спасува Вецлар, деби со победа

Бундеслигашката екипа Вецлар каде што Филип Миркуловски од улога на асистент тренер, сега со нова задача - прв тренер заедно со спортскиот директор, имаше убава вечер во Гепинген.
Миркуловски и спортскиот директор Јасмин Чамџиќ сега се главни на клупата на Вецлар, откако клубот го раскина договорот со хрватскиот стратег Хрвоје Хорват. 

Вецлар успеа да победи на ова важно гостување (28-26) и стигна со бројката од 13 освоени бодови, четири повеќе од екипата на Минден која е најголемата опасност за нив. Вецлар има и три меча повеќе од Минден, но прашање е дали овој тим тоа да го материјализира.
Филип Кузмановски на овој меч не постигна гол, имаше две неуспешни обида. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk