Состанок на УО: РФМ ќе стои зад репрезентацијата и во победи и во порази

На денешниот состанок на УО, селекторот Кирил Лазаров го поднесе извештајот за пласманот и настапот на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска. 

Ракометната федерација го прифти извештајот, а претседателот на РФМ, Живко Мукаетов изјави:

„Би сакал да кажам дека е многу важно да го задржиме оној култ за играње за репрезентацијата, бидејќи тоа е најголема чест и привилегија, да ја претставуваш сопствената држава. Затоа треба да се мобизилираме сите, да разговараме со играчите и да им го пренесеме тоа да го разберат и да доживеат – дека е светост да се игра за Македонија. Ние сме им благодарни и на Лазаров, Миркуловски, Стоилов… кои некогаш и со една нога играле за Македонија, истото го очекувам и од сегашните репрезентативци, како и од идните членови на националниот тим. Ова е смена на генерација што мораше да дојде, сметам дека имаме потенцијал, ја направивме со обезбеден континуитет од големите натпреварувања. Јас сум оптимист дека прво ќе се пласираме на ЕП, а потоа од првенство на првенство ќе растеме со квалитет. Ракометната федерација ќе стои зад репрезентацијата и во победи и во порази. Нема да не обесхрабрат поразите, напротив, ќе нѐ мотивираат да бидеме уште подобри“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Машката репрезентација ќе добие премија од 2 милиони денари за пласман на ЕП 2024. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk