Барса крунисана уште во април

Теророт на Барса во шпанскиот шампионат продолжува тринаесетта година по ред. Од 2011 кога својата четврта едноподруга титула ја прослави Сиудад Реал, до денеска во Шпанија има само еден првак. И не само тоа, туку другите екипи од првенството се толку подолу од нив што ако не беше ланскиот службен пораз од Торелавега, низот на победи ќе се протегаше низ неколку првенства. 

Сезонава, со победата над Ваљадолид од 32-24 (Димитриевски 2 гола), Барса стигна до 23 победа од 23 натпревари и математички е недостижна за другите клубови во битката за првото место. 

Ова е јубелијната 30 шампионска титула за каталонскиот клуб во првенството на Шпанија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk