Савевски: Имаме реални шанси да се пласираме на СП

Македонската женска репрезентација денеска го имаше првиот собир со што почна финалната фаза од подготовките за дуелите со Украина од баражот за Светското првенство. 

Македонија и Украина ќе играат два меча, а победникот од вкупниот дуел ќе се пласира на следното Светко првенство што заеднички го организираат Шведска, Данска и Норвешка, во декември годинава. 

На првата прозивка, селектрот оптимистички зборуваше за шансите на Македонија да се најде на светската смотра. 

„Украина е фаворит во овој двомеч, но ние не смееме да се жалиме. Украина е ривал по мерка за враќање на репрезентацијата на Светските првенства. Иако има квалитетни ракометарки, не е репрезентација која во моментов се наоѓа во самиот европски и светски крем. Се надевам дека со помош на македонската публика ќе славиме на првиот меч во Скопје и дека тоа ќе ни даде ветер во грб и за реваншот. Верувам дека Македонија по долга пауза може да се врати и на Светските првенства“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Љубомир Савевски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk