Сѐ е во ред со тренерот Андоновски

Вознемирувачка информација стигна од Охрид за време на натпреварот меѓу Охрид и Бутел Скопје. Трнерот на домашниот тим, Горан Андоновски мораше да го напушти натпреварот поради здравствени проболеми и итно да оди на прелед во болница. 

Синоќа охриѓани имаа објава и информираа дека неговата состојба е добра и дека не се работи за нешто опасно. Утрово го слушнавме и Андоновски кој ги потврди добрите вести.

„Не е ништо опасно, утрово имав нови прегледи и резултатите се добри. Ќе бидам под надзор, ќе продолжам со комплетни прегледи, но најважно е дека нема сериозен проблем“, изјави Андоновски. 

Охриѓани вчера ја запишаа својата втора плејоф победа и остануваат во игра за повисок пласман во исклучително интересниот шампионат.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk