E. Пелистер го преживеа Кавадарци

ТИКВЕШ - Е. ПЕЛИСТЕР   21-22 (10-11)
Симиќ 8, Хамзиќ 4, Темелкоски 3, Петровиќ 3 - Хенеберг 7, Хосни 4

Е. Пелистер успеа да го совлада ГРК Тиквеш во Кавадарци, во уште еден суперлигашки натпревар што се играше пред полни трибини. 
Битолчани победија минимално, 22-21, но воопшто не се прославија на овој натпревар, напротив, на моменти беше многу реално сценарио да го прокоцкаат подарокот што вчера им го сервираше Алкалоид и да се вратат на минус седум гола од Вардар.

Се веруваше овој меч може да донесе драма, иако пореално изгледаше опцијата битолчани, осоколени од поразот на Вардар да бидат многу посигурни на теренот во Кавадарци. 
Но, очигледно Вардар и Пелистер не се толку посилни од Алкалоид и Тиквеш како што се замислуваше, па вечерва гледавме уште еден доста драматичен натпревар. 

Данило Брестовац очигледно одлично си ја работи работата во Кавадарци, а неговиот тим станува орев од кој можат да се скршат заби на фаворити. Успева да извади максимум од своите играчи кои по звучност ни оддалеку не се познати како гостите што вечерва дојдоа од Битола. 
Но, на теренот беше израмнето. Цел натпревар, иако гостинскиот состав диктираше резултат, а домашните бркаа. 
Гол два водеше Пелистер, најмногу. Домашните успешно бркаа, израмнија на 15-15 по што почна да се игра гол за гол. Клопчето почна да се отплеткува во финишот, а јунаци на Е. Пелистер беа голманите. 

Прво, Марко Кизиќ застана на голот кога кавадарчани шутираа пенал при резултат 18-19, седмерец кој беше досеуден по акција во која двапати успешно интервенираше голманот Лесјак. Шутираше Петровиќ, одбрани Кизиќ. Е. Пелистер зголеми на 20-18, потоа веднаш погрешија домашните, па стана 22-19. 
Но, ова не беше крајот, се исплеткаа битолчаните во напад во обид и да украдат некоја секунда со оглед на тоа дека крајот беше многу блиску и не се сноаѓаа со агресивниот пресинг на домашните. Намалија на 20-22, потоа одново мораше да спасува Лесјак. 
Клучни беа неговите интервенции во последната минута и пол за ибегнување на драма. Кавадарчани од пенал намалина 21-22, потоа нивниот голман Брауновиќ одбрани, но топката одбиената топка замина во аут и времето истече. 

Битолчани на овој начин стигнаа до три бода и остануваат во позиција со победа на домашен терен над Вардар кога одново ќе се сретнат да ја освојат долгоочекуваната шампионска титула. Но, претходно имаат и гостување кај Алкалоид, а по настаните од викендов, нивната улога на апсолутни фаворити за тој натпревар почна да бледее.
ГРК Тиквеш, пак, во следното коло оди на супер интересен меч, против Алкалоид во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk