Дерби во Кавадарци и Охрид, каде да гледате (ЛИНКОВИ)

По вчерашната благо кажано сензација во домашното првенство, победата на Алкалоид над Вардар која го врати во игра за титула битолски Е. Пелистер, а со тоа и незивесноста во целото првенство, денеска продолжува редовното седмо коло од Суперлигата. 

Е. Пелистер, ќе видиме со колку нова енергија и набој во нивните редови гостува во Кавадарци кај прилично незгоден противник, ГРК Тиквеш. Кавадарчани играат одлична плејоф-сезона, но денеска ќе бидат аутсајдери на домашен терен. Ќе се сретнат битолчани со полна сала, мечот е хуманитарен, а и суперлигата годинава е исклучително интересна и се игра во полни сали речиси во сите градови. 

Охрид во обид да се рехабилитира ќе мора да го победи Бутел Скопје. Двата клуба се на приближно ниво кога се работи за квалитетот, детали би требало да одлучат која екипа ќе биде денеска во главната улога. 

Плејаут дерби мечеви се играат во Куманово каде што ќе гостува Вардар Неготино и во Скопје каде што доаѓа Струга на директен меч за опстанок со Јуниор Кисела Вода. 

Сите натпревари ќе можете да ги следите на следниве линкови: 


 

02.04.2023 – НЕДЕЛА

18:30 часот ГРК ОХРИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

18:30 часот РК ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – РК СТРУГА

18:30 часот МРК КУМАНОВО – РК ВАРДАР НЕГОТИНО

19:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk