Тиквеш и Е. Пелистер ќе играат за Петар

Кавадарчани одлучија дербито со Е. Пелистер да биде натпревар што ќе има и хуманитарен карактер. Собраните средства, ќе бидат донирани. Гест за поздравување на кавадарчани, се надеваме дека салата ќе биде полна, а целта исполнета.

Кога хуманоста е одлика на едно општество, единствено што посакувате е да припаѓате таму.
РК Тиквеш заедно со навивачката група Лозари во недела на 2ри април се пред важен ракометен испит, дуелот со РК Еурофарм Пелистер. Но заеднички донесовме одлука тој испит да го полагаме со знак на хуманоста!.
За таа намена, РК Тиквеш во поддршка со навивачката група Лозари, донесоа одлука средствата собрани од продажба на картите од натпреварот помеѓу екипата на РК Тиквеш и РК Еурофарм Пелистер да бидат наменети за малиот Петар!
Нашата борба е за спортско Кавадарци, за генерациите сега и оние кои ни доаѓаат.
Искрено се надеваме на масовно присуство,
да му погомнеме на Петар,
да бидеме хумани, несебично да помагаме кога е најпотребно, и за крај да победиме за Петар!
Сите во сала!
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk