ЕХФ воведува ВАР, си додели вајлд карта и додели организација на ЕП

Извршната комисија на ЕХФ се состана во Истанбул и објави неколку одлуки што се очекуваа подолго време. 

Од следната сезона во Лигата на шампионите на сите натпревари ќе биде задолжително да се има можност за видео реприза или веќе етаблираното име ВАР и копче за елентронско барање на тајм аут. 
Тренерскиот Челинџ исто така ќе биде во функција од следната сезона. Ќе биде тестирано во април, можеби ќе биде и на Ф4 во Келн. Тренерите ќе добијат право еднаш во текот на мечот да оспорат судиска одлука и да ги повикаат да гледаат видео снимка од ситуацијата. 

Поради пандемијата во која беше загубена рутината на доаѓање во сала, ЕХФ одлучи да го одложи за две години промовирањето односно зголемувањето на минимумот капацитет во салите за натпреварите во Лигата на шампионите. Но, од Истанбул стигна порака дека клубовите мора да работат на популаризацијата и зголемување на бројот на гледачи. 
ЕХФ инспирарна веројатно од инцидентот на натпреварот во Австрија кога навивачите на Војводина направија  инцидент, објави дека ќе се зголеми одговорноста на клубовите, особено за тие што со себе носат навивачи на гостински терен. 

ЕХФ си зема право, да додели една вајлд карта за Лигата на шампионите мажи и жени надвор од критериумите. Со други зборови, ќе може да одбере кој било клуб што не се пласирал во ЛШ, а аплицирал и да му даде дозвола за настап во ЛШ. 

Доделени се и организациите на младинските машки првенства во 2024. Машката јунирска репрезентација, М20 на Македонија ќе настапи на М20 ЕХФ Еуро во Целје, Словенија. 
Машката кадетска, односно М18 екипа ќе игра квалификации за пласман на М18 ЕХФ Еуро - Црна Гора. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk