Загреб преговара со опасен руски бек

Хрватска го има загубено директното место во Лигата на шампионите според рејтингот, но многу е извесно дека нивниот првак ППД Загреб ќе добие вајлд карта за настап во најсилното натпреварување. 
Загрепчаните сериозно составуваат екипа што следната сезона би била поконкурентна од сегашната. Новиот договор на Дибиров, ангажманот на Сухолежник и Куни Моралес и уште неколку играчи, па дури и кам бекот на Борозан, велат дека ќе имаат барем на хартија посилен тим. 

Но, Загреб бара и сериозно преговара со уште еден опасен бек шутер. Тоа е Русинот Александар Шкурински кој не се наигра во Нант што порафи повреди, што поради тренерски тактики. 

Шкурински до преселбата во Нант беше можеби најдобриот руски играч, епитет што сега го преземаа Косоротов и Житњиков кои со успех играат за Висла Плоцк. 

Ако го доведе Шкурински и ако го врати во препознатлива форма, Загреб ќе добие големо засилување и неговата улога ќе стане многу поважна отколку сезонава и таа пред неа.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk