Веспрем со младинци во СЕХА!

Унгарскиот вице-првак Веспрем, во пракса демонстрира дека не му е важен настапот во меѓународниот шампионат СЕХА. 
Веспрем денеска објави дека во 1/4 финалето на СЕХА шампионатот ќе игра нивниот У21 тим. Велат ја заслужиле шансата затоа што немаат пораз во домашниот шампионат од ноември 2022. 

Веспрем и досега не играше во СЕХА, туку привилегирано беше директно пласиран во 1/4 финалето. Таму треба да се сретне со Партизан и да одигра два меча на 5 и на 12 април. 

Ваквата одлука на Унгарците е уште еден удар по реномето на шампионатот кој и во периодите во кои се суспендирани руските и белоруските екипи се обидува да одржи жива лигата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk