Вардар со „десетка“ го испрати Тиквеш

Вардар 1961 мина уште една пречка кон шампионската титула. Денеска, црвено-црните го совладаа Тиквеш со 35-25 (15-15).
Тренерот на Вардар, Владо Недановски не ги користеше најдобрите играчи во првиот дел и резултатот на полувреме беше 15-15. Во второто полувреме се растрчаа Манасков, Георгиевски и Моралес, постигнаа заедно 15 од вкупно 20 гола за домашниот состав, а Вардар лесно стигна до 10 гола разлика. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk