Алкалоид со три бода од Битола

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 - РК АЛКАЛОИД  30-35 (10-15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Камер Металари
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Бошњак, Јовановски, Ристевски 7, Јовановски, Димовски, Печурица, Димитровски 3, Талевски 1, Петровиќ 8, Ивановски 7, Буторац, Балистојановски 2, Ристевски, Мијушковиќ 2, Блажевски
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски, Галевски, Стојков 4, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески 7, Стојковиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 3, Симоноски 2, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 2, Петковски 5, Савревски
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 8 мин

Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид го оправдаа епитетот на две екипи во Македонија што сакаат и играат ракомет со брза транзиција што до којзнае кога во Македонија ќе се вика модерен. 
Двата тима, составени претежно од млади играчи одиграа убав натпревар со доста динамика и со сите убави моменти и грешки што ги носи со себе ваквиот меч. Да одбележиме, ова беше првиот нивни меѓусебен натпревар воопшто. 
Победи Алкалоид, како гостин. Скопскиот тим во моментов е подобар и тоа го покажа и на терен. Водеше во текот на целиот меч, а клучната разлика ја направи во втората половина на првото полувреме во кое водсвото од 7-6 го претвори во 9-6, потоа водеше 14-10, на полувреме беше 15-10, а разликата умешно ја одржуваше и во вториот дел. 
Битолчани успеваа да дојдат до минус три, но не и сериозно да го загрозат водството на Алкалоид. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk