Куни Моралес потврди: Одам во Загреб!

Хрватскиот весник 23сата објави информација дека следната сезона, во редовите на ППД Загреб доаѓа Жоел Куни Моралес, актуелен ракометар на Вардар. 

Таа информација официјално е потврдена со изјава на Моралес, Кубанецот претходно ќе ја доигра сезоната во Скопје, во која и вчера имаше особено на почетокот на мечот важна улога во развојот на настаните кои сега се со големи шанси за епилог да имаат нова шампионска титула за Вардар.

„Доаѓам во клуб кој веќе долг низ на години е присутен на најголемата ракометна сцена, во Лигата на шампионите. Моја лична цел е, нормално, да дадам сѐ од себе на секој тренинг и секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. 
Се радувам што повторно ќе ја делам соблекувалната со Тимур Дибиров, тој е сјаен пример на врвен професионалец и личност која е секогаш подготвена да помогне“, изјави Моралес. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk