Победа за спас на „македонскиот“ Вецлар?!

Бундеслигашот Вецлар, единствениот тим во најсилната лига во која има Македонци, денеска успеа како гостин да го совлада тимот на Штутгарт (30-28) и сега има четири бода повеќе и два меча повеќе од Минден кој е во зоната за испаѓање. Доколку во следното коло го совлада на домашен терен, токму тимот на Минден, ќе биде многу блиску до исполнување на целта, а тоа е неочекувано, опстанок во најсилната конкуренција. 

Вецлар немаше победа на осумте последни натпревари, последен пат се радуваше во ноември минатата година и стигна до непријатната позиција да биде во опасната зона и да стравува за опстанокот.

Филип Миркуловски кој е асистент на првиот тренер во меѓувреме доби помош, Хрвоје Хорват стана прв тренер, а во екипата пристигна и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. 

Филип Кузмановски денеска постигна два гола и тоа по ред и тоа во важни моменти, голови за 24-19 и 25-20, во периодот кога домашниот тим правеше обид за резултатски да се доближи и од минус седум стигна со минус четири. 
Во 58 минута, македонскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот, поради три исклучувања. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk