Страшниот Ландин го носи Кил кон титула

Фуксе Берлин ја игра најдобрата сезона во Бундеслигата, во моментов е на првото место, но денеска удри во ѕид во „Вундерино арена“ во Кил. 
Зебрите предводени од феноменалниот Никлас Ландин кој денеска запиша неверојатни за дерби од ваков тип 23 одбрани. Бранеше зицери, контри, лобови, шутеви од крило... неверојатна партија за голманот на Кил и идниот голман на Алборг. 

Покрај ваков Никлас Ландин практично невозможно е Кил за загуби, црно-белите со стил дури со седум гола разлика (36-29) го добија дербито со Фуксе Берлин и сега се на второто место со само бод заостанување, но и натпревар помалку. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk