Влатко Митков, македонскиот интенационалец заработи сериозна повреда на последниот натпревар на неговиот тим Холабрун каде што е играч и тренер.
Во финишот на натпреварот Atzgersdorf што неговиот тим го доби со 28-25, Митков се повредил, нема детали, но на профилот на неговиот клуб е објавено дека повредата е сериозна, а и неговите (со)играчи победата на споменатиот дуел му ја посветија нему.
Влатко Митков (41) професионалец par excellence како еден од најголемите македонски таленти во 2003 година на 22 годишна возраст замина од Пелистер и се пресели во Бундес лигата во екипата на Вилштат.
До 2011 играше во Германија, во екипите на Вецлар, Хам и Балинген пред да се пресели во австриската Бундеслига и таму играше за Бармбах, Кремс и Брегенц, за во 2020 да се пресели во Холабрун каде што паралелно почна и тренерска кариера.
За македонската репрезентација има близу 100 настапи и беше дел од третојануарскиот собрир во Скопје кога посебни признанија за придонесите во македонската репрезентација добија играчите од досега најуспешната генерација.