Екипата на Струга по четири порази по ред и смена на тренерот, вечерва стигна до првата победа и тоа на гости кај директниот ривал Вардар Неготино.
Оваа средба беше и дуел на двајцата најдобри стрелци, а тоа се Лазар Адамовиќ во Вардар Неготино (10 гола) и Петар Бугариновиќ од Струга со девет гола.
Мечот беше израмнет во најголем дел, а гостите главно диктираа ритам. Драмата имаше епилог на две секунди до крајот кога Струга успеа да одигра пас до десното крило од каде што стигна реализација за 26-25 по што истече и времето.
Јуниор Кисела Вода денеска минимално го совлада Прилеп (27-26) и тоа дополнително ја згусна зоната за испаѓање во плејаут шампионатот.
Куманово денеска го совлада Радовиш, а Голден Арт беше подобар од Скопје. Куманово практично обезбеди опстанок во ова друштво, има уште многу да се игра.
РЕЗУЛТАТИ:
КУМАНОВО - СКОПЈЕ 33-25 (18-10)
ГОЛДЕН АРТ - РАДОВИШ 36-23 (18-12)
ЈУНИОР КВ - ПРИЛЕП 27-26 (16-12)
ВАРДАР (Н) - СТРУГА 25-26 (12-13)
ТАБЕЛА ПЛЕЈАУТ