РК АЛКАЛОИД - РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-19 (12-8)
Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Камер Металари
РК Алкалоид: Галевски, Трајковски, Џонов 4, Петров, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓоргиев 2, Иваноски, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 1, Д. Митев, Савревски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 12 мин.
Бутел Скопје: Симјановски, Субашевски, Младеновски 1, Стојановски, Георгиевски 2, Николов 7, Мојсоски, Спасовски 3, Стојчевиќ, Манасков 3, Блажевски, Јефтиќ 3, Василевски, Михајловиќ, Мајиќ
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 10 мин.
По само една недела, одново силите на терен ги одмеруваа екипите на Алкалоид и Бутел Скопје. Одново победи Алкалоид, овој пат со помалку резултатска драма, иако борбата и напнатоста на натпреварот не беа ништо помалу во одно на минатиот натпревар.
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот и поведе со 4-1 што е прилично чувствителна разлика имајќи ја предвид историјата на овие дерби мечеви, но како и многупати досега не ја материјализираше, туку го врати во игра противникот, кој со два гола по ред се врати во рамноправна резултатска игра во натпреварот.
Дваесетина минути Алкалоид имаше водство, а потоа Бутел Скопје израмни на 7-7 со првиот гол на корпулентниот пивот Владимир Јефтиќ.
Марко Митев го врати домашниот состав во водство (8-7), но Јефтиќ одново го израмни резултатот. Следуваше нов погодок, трет за Марко Митев и ново водство од 9-8, а потоа и седмерец што го изнуди Стојковиќ, а го реализираше Серафимов за ново водство од плус два (10-8). По ова двата тима потрошија по два напада, пред Кофилоски да му донесе плус три на Алкалоид во 28 минута (11-8).
Бутел не реализираше во последниот напад во кој беше пасивен, а настрана тоа Кристијан Василевски нервозно реагираше и стартуваше над Давид Савревски кој ја прифати одбиената топка. Василевски едно што грубо стартуваше врз Савревски, туку отпосле и го удри по глава и веднаш си заработи црвен картон.
На оваа ситуација најнервозно реагираше Мирко Мајиќ кој сакаше да дели своја правда на терен, но за среќа на Бутел судиите му прогледаа низ прсти.
Во последниот напад во полувремето, Алкалоид зголеми на 12-8.
Разликата од полувремето главно се одржуваше и во првите десет минути од вториот дел. Бутел Скопје намалуваше на минус три, Алкалоид зголемуваше на четири... Во 38 минута Бутел намали на 13-15 и за прв пад ја намали оваа граница, а веднаш потоа следуваше и гол за 14-15 и одново мечот доби резултатска неизвесност. Бутел ја комплетираше серијата 4-0 со гол за израмнување на 15-15.
Мартин Серафимов ја прекина серијата на гостите со гол за 16-15, но врати Мартин Манасков и одново беше нерешено.
Aлкалоид имаше три плус и контра напад, но левото крило утна зицер и го врати Бутел во игра. Постигнаа гол гостите за 17-19, потоа добро се одбранија...
Но, откако во следните два обида не успеаја да погодат, натпреварот се прекрши во полза на Алкалоид. Следеа два гола за домашните и водство од 21-17 што беше премногу за сигнување од борбениот гостински состав.
Конечни 22-19 и втора победа на Алкалоид над Бутел за само една недела.