Трет селектор за три месеци

Машката репрезентација на Полска со Патрик Ромбел на чело на колоната и со домаќинство на Светско првенство ја почна 2023. 
Големите амбиции, сепак, спласнаа брзо откако увидоа дека со делумната смена на генерациите се сменило многу и во нивниот тим, па Ромбел кој беше нивни селектор od 2019 мораше да замине. Немаа трпение да го остават до крајот на квалификациите или барем додека не најдат сигурна замена, туку решија да одат со преодни решенија и сега менуваат селектор по само еден месец.

На неговото место дојде Бартош Јурецки, еден од играчите од нивната можеби најславна генерација и тој ја водеше репрезентацијата на двата квалификациски натпревари до надмоќната Франција. 

Полските медиуми дознаваат и пишуваат дека и Бартош Јурецки нема долго да се задржи на клупата. Новото име, ќе биде познато во среда, ќе биде ангажиран уште во во априлските квалификации а полската тв дознава дека тоа ќе е Марцин Лијевски, уште еден играч од најславната генерација. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk