Македонија ќе игра на ЕП во ракомет на плажа

Женската репрезентација на Македонија е замената за репрезентацијата на Турција за Европското првенство во ракомет на плажа што ќе се одржи во Португалија од 24 до 28 мај. 

Турција, една од земјите во кои подобро мина ракометот на плажа ги повлече своите репрезентации од учеството на ова ЕП по катастрофалниот земјотрес. 
ЕХФ бараше замени за нив, а ги пронајде во машката репрезентација на Швајцарија и женската на Македонија. 

Нашиот тим ќе настапи во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домашната Португалија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk