-
24.03.2023
-
Вести, Трансфери
Лука Циндриќ ќе си замине од Барса, односно Барса ќе се ослободи од хрватскиот бек е поточната формулација за разделбата што шпанскиот „Спорт“ ја најави, а треба да биде реализирана летово. Засега од клубот или играчот нема ниту потврда, ниту демант, иако Спорт тврди дека Циндриќ веќе е информиран за одлуката да му биде раскинат договорот.
Веста вчера беше обелоденета, веруваме изненади многумина, а сега не ред е ефектот. Кој ќе загризе за услугите на ракометарот кој има неспорен квалитет, но и серија на повреди. Барса не гледа излез во неговата ситуација, но кој и дали некој друг ќе се заинересира или ќе биде спремен да ризикува?
Ако судиме според хрватскиот „24 сата“ тоа би требало да биде Веспрем. Некако успеаја да го сместат во текстот за разделбата на Циндриќ и Барса и унгарскиот виц-шампион. За волја на вистината, кај нив се отвора место на централната бековска, затоа што си заминува Расмус Лауге.
Истиот хрватски медиум, пак, вели дека Лука Циндриќ во Барса заработувал 750.000 евра по сезона, што е нешто повеќе од 60.000 евра месечно. За оваа информација, сепак, сме скептици.
Поврзани вести