Моралес си оди од Вардар, следен е Загреб

Март и април се месеците кога наголемо се составуваат екипите за следната сезона. Продолжување договори, нови трансфери, раскинување на договори. Има од сѐ понешто на трансфер пазарот. Нас вниманието ни го привлече текст во хрватскиот весник „24 сата“ во кој е најавено новото засилување на ППД Загреб. 

Хрватскиот медиум, поткрепен со изјава од новиот спортски директот на ППД ЗАгреб, Дамир Бичаниќ, објави дека Жоел Куни Моралес (36), кубанскиот десен бек кој во моментов настапува за македонскиот шампион Вардар 1961, следната сезона ќе биде дел од екипата на ППД Загреб. 

Куни Моралес во Скопје дојдe во 2021 и ја игра својата втора сезона во црвено-црниот дрес. Моралес е важна алка во играта на Вардар, а пред да се докаже во Скопје, има настапувано за повеќе екипи, вклучувајќи ги Данкерк, Иври, Порто, Мадеира. 

ППД Загреб би требало да се засили и со црногорскиот пивот Миодраг Чорсовиќ кој во моментов игра во Требње, а претходно е потврдено дека доаѓаат и Матиц Сухолезник од Целје и голманот Анте Грбавац. 

„Мислам дека така ќе ја пополниме сликата за ППД Загреб за следната сезона“, изјави новиот спортски директор на ППД Загреб, Бичаниќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk