Чкембари се мобилизираа, Цела Битола по титула

Температурата пред големото дерби постојано расте. Се мобилизираат двете најголеми навивачки групи во Македонија и во недела ќе го имаат првиот судир, во салата „Јане Сандански“ во Скопје. 

Битолчани се особено активни и речиси секое нивно маало го потрдува посебно доаѓањето во Скопје во недела. Ваква нивна мобилизација за ракометен натпревар надвор од Битола, одамна не е видена.

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се свесни дека ова дерби нема да биде како досегашните, овој пат силите на хартија се поизрамнети, амбициите на гостинскиот состав се далеку поголеми. Досегашните искуства, пак, кога се среќавале овие две навивачки групи велат дека сѐ може да се случи. 

Клубовите апелираа за цивилизирано однесување, поддршка добија и судиите, повикуваат да победи спортскиот момент.