-
22.03.2023
-
Вести, Актуелно
Историски меч се играше во Унгарија. Во плејоф-елиминациите во Лигата на шампионите се сретнаа ПИК Сегед и Веспрем. Историски меч, историско фијаско на домаќинот ПИК Сегед, историска победа на Веспрем.
Ако некогаш некој ранометен фанати се зафати да пишува за тоа како на некоја екипа ама баш ништо не и одело од рака, тогаш ПИК Сегед би требало да се најде и во насловот.
Немоќ, паника, безидејност во нападот и прв постигнат гол дури по 12 минути игра на домашен терен! Веспрем почна бавно, но потоа толку се разгоропадија гостите, што во полната арена на лутиот ривал се слушаа само гостинските фанови. Домашните, пееја во немоќ.
По само 30 минути игра Веспрем водеше 20-7, а Гашпер Маргуч имаше постигнато повеќе голови од целиот домашен состав. Во вториот дел, малку порамноправно што се однесува до распоредот не головите, но конечно 23-36.
Истовремено во Букурешт, Кил го растураше домашниот скап проект Динамо. По 30 минути игра беше 18-11 за гостите од Германија, конечниот резултат е 28-41. Тринаесет голови разлика и во Сегед и во Букурешт.
Поврзани вести