PLAY OF THE DAY: Битола спремна за дерби (титула)

Вардар и Пелистер со децении се ривали на само во ракомет, во секој спорт каде што ќе се сретнат овие две имиња епитетот дерби станува самолеплив. 

Сезонава двата ракометни клуба, во моментов најдобрите во земјава се блиску еден до друг со квалитет, си имаат свои предност и маани, но севкупно се „тука некаде“, а тоа ја прави битката за титула непредвидлива. 

Температурата пред дербито расте, се чини дека цела Битола е на нозе пред неделното гостување во Скопје, а фотографијата говори повеќе од зборови. 

Вардар ќе го пречека Еурофарм Пелистер во недела со почеток од 18:00 часот. Во моментов, двата тима се израмнети на табелата со по четири победи и по три бода плус пренесени од групната фаза на шампионатот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk