Чупиќ го среди Нексе, Загреб пред нова титула

Сѐ тече, сѐ се менува, само ППД Загреб не се симнува од шампионскиот трон. Единствената ракометна екипа која секоја сезона откако постои е шампион на својата земја и годинава е пред одбрана на тронот. ППД Загреб има 30 шампионски титули од 30 одражани шампионати на Хрватска, а годинава оди кон 31 пехар. 
Во Купот му оди малку послабо, има освоено само 28 пехари од 30 одржани натпреварувања. Само во 2001 и 2002, Метковиќ Јамбо успеваше да го освои Купот. Метковиќ еднаш и (според нас) сосема регуларно стана првак, но Зоран Гобац е толку моќен во Хрватска, што на спектакуларен начин (поради неправилен трансфер) му ја одзема титулата на овој клуб, по што тие решија дека нема смисол веќе да се натпреваруваат во таков шампионат и оттогаш во Хрватска има само еден силен клуб. 
Се до појавата на Нексе на сцената, но нашичаните имаат комплекс Загреб и никако во меѓусебните дуели да дојдат до добар резултат.

На првото одмерување на силите меѓу ППД Загреб и Нексе во тековната сезона беше вчера, а победи Загреб 30-25. Иван Чупиќ со 12 гола го среди Нексе и веројатно шампионатот, а Тимур Дибиров беше стрелец на четири погодоци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk