Алкалоид со цепелин до финале

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК АЛКАЛОИД   24-25 (13-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Цане Куртовиќ
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски, Стојановски, Георгиевски 1, Крстевски 3, Мојсоски, Спасовски 2, Стојчевиќ, Манасков 3, Блажевски, Јефтиќ 5, Василевски 1, Мајиќ 5, Николов 4
Седмерци: 5/7 Исклучивања: 14 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 3, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 11, Стојковиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 1, Иваноски, Омерагиќ, КОфилоски 1, Петковски 1, Савревски 3, Д. Митев
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 4 мин. 

Алкалоид се пласираше во финалето на групата што се игра во „Автокоманда“ откако вечерва во полната „Автокоманда“ во драматичен натпревар го елиминираше тимот на РК Бутел Скопје. 
Алкалоид славеше минимална победа (25-24) со гол- цепелин во последните секунди од натпреварот. Стрелец на тој гол беше Мартин Серафимов.

Како и сите натпревари на овие два тима  вечерашната средба беше тешка и исцрпувачка. Бутел со бавна транзиција и пренос на топката штедеше сили и ја умртвуваше играта, а Алкалоид на моменти го прифаќаше тој ритам, на моменти играше далеку побрзо, но севкупно битката се одвиваше главно на поставените зони. 

Поискусниот и повозрасен Бутел Скопје играше добро во одбрана, често излегуваа нивните играчи за да го оневозможат циркулирањето на топката, но играа и премногу остро, доста често и грубо, а тоа го платија меѓудругото и со црвен картон за еден од нивните најдобри играчи, Стефан Николов, во 28 минута од средбата. 

Резултатски, Алкалоид диктираше резултат во најголемиот дел од средбата. Бутел Скопје поведе еднаш во второто полувреме (15-14), но веднаш потоа се врати во водство Алкалоид, имаше и плус два во два наврата, но и Бутел не попушти во ритамот, неколкупати израмнуваше, а во финишот му се укажа и шанса да победи. Имаа последен напад ракометарите на Бутел во последната минута, но не реализираа и на Алкалоид му останаа десет секунди. Лазаров побара тајм аут, акцијата тргна од централниот бек со додавање за цепелин за Серафимов, а тој погоди за голема радост на тимот од Автокоманда, кој вечерва имаше улога на гостин. 

Утре во директниот меч за пласман на Ф4 турнирот од Куп на Македнија, РК Алкалоид ќе се сретне со екипата на Вардар Неготино. Неготинскиот состав денеска го елиминираше тимот на РК Прилеп (28-29). 
Финалето меѓу РК Алкалоид и РК Вардар Неготино ќе се игра утре, (недела, 19.3.2023) со почеток од 18:00 часот во салата „Автокоманда“. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk