Колку тежи женската лига во Романија? Буџетот е вртоглав...

Романскиот медиум „Проспорт“ објави интересен текст со анализа на тоа колкави се буџетите на нивните екипи во женското ракометно првенство.
Дека романскиот шампионат е најскапиот во Европа е податок што повеќе помалку е познат и во Македонија, но со какви цифри располагаат романските клубови, доколку се точни податоците на Проспорт, дури сега ќе може да се зборува. 

Проспорт пресметка дека вкупниот буџет на 14 романски екипи што се натпреваруваат во најсилната конкуренција изнесува неверојатни 27 милиони евра! 
Следната сезона ќе имаат 16 екипи место 14 и овој буџет ќе биде повисок, особено затоа што во игра влегува и Корона Брашов која ќе има над три милиони евра буџет. 
Овие пари, според весникот, 95 проценти се јавни пари, од градските каси. 

Според Проспорт, буџетите на романските екипи изгледаат вака:

1. ЧСМ Букурешт - 3.6 милиони евра
2. Рапид Букурешт - 3.2 милиони евра
3. Глорија Бистрица - 3.0 милиони евра
4. Данубе Браила - 3.0 милиони евра
5. Влчеа - 2.5 милиони евра
6. Глорија Бузау - 2.5 милиони евра
7. Крајова - 1.8 милиони евра
8. Баја Маре - 1.5 милион евра
9. Чиснадие - 900.000 евра
10. Миовени - 900.000 евра
11. Слатина - 900.000 евра
12. Таргу - 900.000 евра
13. Галаци - 700.000 евра
14. Залау - 650.000 евра

Да направиме споредба. Дачиа Миовени, екипа за која веруваме најголемиот дел од вас прв пат сега ќе слушнат, има два или три пати поголем буџет од сите женски македонски екипи заедно. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk