Двапати се онесвестил во тоалет

Шведскиот ас Лукас Пелас нема да настапи за Монпеље следниве неколку недели, а причините за неговото отсуство се здравстени проблеми кои во прв момент немаат заедничко со спортска повреда. 

Лукас Пелас не беше во тимот на Шведска за дуелите со Шпанија од ЕХФ Еуро Куп, а причините ги откри за шведскиот портал Хендбал Канал. 

Според неговите зборови, вечерта пред собирот со семејството биле на прослава на роденден на неговата мајка на вечера во ресторан каде се играла и извесна „пензионерска“ игра наречена Шафлборд (нешто помеѓу карлинг и мини голф) Види линк.

Во еден момент, Пелас почувствувал несвестица и мачнина и отишол во тоалет. Но, кога влегов во тоалетот уште повеќе му се слошило и се онесвестил, а притоа паднал директно со лицето на подот. 
По кратко му се вратила свеста, но кога се обидел да стане, повторно се онесвестил и повторно паднал со лицето на подот здобивајќи се при двете паѓања со неколку контузии, исечена усна и мала фрактура под окото. За среќа во несреќа, нема да има потреба од операција.  
Кога се освестил вториот пат во тоалетот веќе имало луѓе кои му помогнале да стане, а потоа бил однесен во амбуланта на прегледи.

Докторите извршиле низа на прегледи, но освен повредите од падот, не детектирале ништо сомнително. Пад на притисокот е нивната прва дијагноза, но Пелас за шведскиот портал вели дека следуваат нови детални прегледи во Франција за да се види дали постои некоја друга причина.
Денеска француските медиуми објавија дека Лукас Пелас нема да биде на теренот 6 до 8 недели. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk