Топ вести: Ким ќе игра и на 41 година, Малашинскас - аут, Поповски и Арсеновски добија засилување

Македонските интернационалци Мартин Поповски и Филип Арсеновски имаат нов соиграч во швајцарската Амичитија. Голманот на Белорусија, Вјачеслав Салдаценка се врати во Европа од Катар откако не му ги исполните ветените и договорените услови таму. 

Монпеље е екипата која сериозно треба да размисли на темата како им се подготвени ракометарите. Сезонава се повредија Иго Деска, Карл Конан, Килијан Вилмино, Сташ Скубе, Жулиен Бос, а сега на овој список е и шведскиот ас Лукас Пелас кој нема да биде на располагање неколку недели. 

Литванскиот плејмејкер Ајденас Малашинскас заминува од Мелзунген на крајот на сезоната, потврди клубот. Од Мелзунген заминува и Антонио Касадо, а ново име е шпанскиот репрезентатиец Ерик Баленсијага кој во моментов игра за француската екипа Тулуз. 

Има 40 години и сѐ уште добива понуди од топ екипи за трансфер. Шведската легенда Ким Андерсон (фото) ќе ја гледаме на терен најмалку уште една година. Неговиот аегашен клуб, Истад, се пофали дека и покрај бројните понуди што ги има, Ким Андерсон останува во нивниот клуб и следната сезона. 

Крилото на Барса, шведскиот ас Хампус Ване ќе отсуствува од теренот најмалку 4 до 6 недели, објавија шпанските медиуми. 

Шпанскиот ракометар Абел Сердио го продолжи договорот со полската екипа Висла Плоцк.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk