СЕХА финале во Санкт Петербург?

СЕХА - Исток, на својата официјална веб страница го објави планот и распоредот на одигрување на натпревари од завршницата на шампионатот во која клубовите од Исток, односно Русија и Белорусија ќе играат против екипите од СЕХА - Југ, односно Хрватска, Македонија, Србија и Унгарија. 

СЕХА исток веќе ги има одредено и паровите според кои би се играле 1/4 финалните натпревари. На овие дуели, четирите најдобри екипи од Исток ќе играат против четирите најдобри екипи од Југ. Победниците ќе одат на Фајнал фор турнир во Санкт Петербург. 

Според тој распоред, Еурофарм Пелистер доколку се пласира на Ф4, а за тоа ќе треба да биде подобар најверојатно од *Татран/Партизан ќе игра 1/4 финале против рускиот шампион Чеховски медведи. Два натпревара, дома-гости е предвидено да се играат. 

Вардар кој најверојатно ќе го освои второто место во групата, би се сретнал со екипата на Мешков Брест во 1/4 финалето, клуб сега предводен од екс тренерот и директот на Вардар, Едуард Кокшаров. 

Другите два пара се Загреб/Нексе против СКА Минск и победникот од дуелот меѓу Веспрем и Татран/Партизан против екипата на Пермски медведи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk