Македонците „Д&Д“ во 1/4 финале на Кралскиот Куп

Екипата на Ваљадолид е најповрзаната со Македнонија шпанска ракометна екипа во моментов. Таму настапуваат двајца македонски интернационалци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски односно „Д&Д“, на клупата е екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, а на терен уште еден екс вардаров ирач - Жозе Толедо. 

Оваа екипа успеа да се пласира во 1/4 финалето на Копа дел Реј откако на тежок меч успеа да ја совлада екипата на Куенка 27-25 и сега е во друштвото во Барса, Синфин, Торелевага, Кангас, Логроњо, Адемар и Гвадалахара. 

Дарко Димитриевски постигна два гола на оваа средба. Нашиот интернационалец доби црвен картон во 10 минута од средбата затоа што непрописно фаулирал играч кој би бил скок, однсоно во воздух. Димитар Димитриоски не настапи на овој меч. 
Најефикасен играч во редовите на Ваљадолид беше Бразилецот Де Толедо со шест постигнати гола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk